Достапни линкови

Иванов се сретна со неговиот колега Фишер во Австрија


Претседателот Ѓорге Иванов

Австрија смета дека решавањето на прашањето за името не треба да биде предуслов за одредување датум и за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, изјавил автрискиот претседател Хајнц Фишер по денешната средба во Виена со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, јавува МИА. Грција сигнализира дека услов е решавањето на името. Но, сметаме дека за одредување датум и почетокот на преговорите не треба да се чека решението. Проблемот може да се реши и на крајот на преговорите. Тие треба да почнат и паралелено да течат двата процеса, изјавил Фишер. Македонскиот претседател изјавил дека Македонија ги исполни Копенхашките критериуми и очекува да продолжи понатаму, а одредувањето датум ќе биде дополнителен мотив да се дојде до решение. Сега останува Советот на ЕУ на следниот состанок да ја стави на дневен ред и да донесе одлука за старт на преговорите, изјавил Иванов. Двајцата претседатели разговарале и за билатералните односи, за економската и културната соработка.
XS
SM
MD
LG