Достапни линкови

Бен Али бил „измамен “ за да го напушти Тунис


Бен Али

Бен Али

Соборениот туниски претседател Зин Ел Абедин Бен Али денеска изјави дека бил изманен при напуштањето на земјата и дека тој едноставно не ја напуштил својата функција. Адвокатот на Бен Али, соопштува дека претседателот бил советуван од шефот за безбедност да го напушти Тунис на 14 јануари поради стравувањата дека може да му извршат атентат. Адвокатот вели и дека Бен Али не наредил на безбедносните сили да пукаат во демонстрантите. Во Тунис денеска започна судски процес против соборениот претседател, под обвинение за нелегално поседување на девизи, накит и дрога. Тој е исто така под истрага за злоупотреба на власта и перење пари.
XS
SM
MD
LG