Достапни линкови

Курдските бунтовници го продолжуваат прекинот на огнот


Жена држи портрет на Абдула Оџалан

Жена држи портрет на Абдула Оџалан

Лидерот на курдските бунтовници кој се наоѓа во затвор соопшти дека се продолжува со прекинот на огнот уште за неколку месеци. Абдула Оџалан преку соопштение повика новиот парламент веднаш да започне да работи на нов Устав кој ќе одговори на барањата на курдското малцинство во Турција. Претходно Оџалан најави дека на 15 јуни се става крај на прекинот на огнот, и насилствата ќе се зголемат ако турската влада не се согласи да преговара за окончување на конфликтот. Во соопштението на Оџалан се вели и дека курдските борци ќе избегнуваат судири и само ќе се бранат ако бидат нападнати.
XS
SM
MD
LG