Достапни линкови

Санадер се согласил да биде екстрадиран во Хрватска


Од апсењето на Санадер

Од апсењето на Санадер

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер се согласил да ја повлече жалбата за екстрадирција , со што го отвара патот за негово враќање во Хрватска каде се соочува со обвиненија за корупција и злоупотреба на моќта. Неговиот адвокат соопштил дека Санадер се согласил да биде поедноставена процедурата за враќање во Хрватска. Но се уште не се знае кога тој ќе биде екстрадиран. Санадер ја предводеше хрватската влада од 2003-та до 2009-та . Беше уапсен во декември во Австрија , откако по него беше издадена меѓународна потерница од властите во Хрватска, под сомнение дека ја злоупотребил својата службена должност и корупција. Тој негира дека сторил нешто лошо.
XS
SM
MD
LG