Достапни линкови

Сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа


Во Стразбур започна со работа третиот пролетен дел од сесијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. На дневен ред за дебатирање се прашањата за буџетот на Советот на Европа, реформите и следењето на обврските на земјите членки. Исто така земјите членки ќе разговараат и за барателите на азил, бегалците и илигалните мигранти во Европа. За тоа ќе се разговара со преставници од другата страна на Средозменото море од каде доаѓаат бегалците. На Состанокот ќе зборуваат претседателите на Ерменија, Украина и германската претседателка за правда. Македонски преставник е само претседателот на парламентарната делегација Александар Николовски. Пред советот на дневен ред ќе се најде и извештајот за следење на парламентарните избори во Македонија.
XS
SM
MD
LG