Достапни линкови

logo-print

Интернет корпорацијата одобри нови веб суфикси


Интернет Корпорацијата за имиња и бројки во чија надлежност се адресите на веб страниците денеска одобри проширување на адресите што е најголема промена во последниве години.
На состанокот во Сингапур е изгласано дека владите, компаниите и разните заедници ќе можат да креираат нивни адреси во кои не ќе мора да бидат .com, org или net.
Денеска постојат 22 генерички домаини и околу 250 на ниво на земји како ru, or или kg. Корпорацијата ќе ги прифаќа апликациите од почетокот на следната година.
XS
SM
MD
LG