Достапни линкови

logo-print

Иванов во официјална посета на Австрија.


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов е во официјална посета на Австрија по покана од неговиот австриски колега Хајнц Фишер. Тој денеска во дворецот Хофбург ќе се сретне со својот домаќин, Фишер. Двајцата претседатели, како што е најавено, ќе разговараат за билатералните односи, за можностите за поинтензивна економска соработка, како и за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Се очекува да се зборува и за процесот за надминување на разликите со Грција околу спорот со името.
XS
SM
MD
LG