Достапни линкови

ЕУ со нови барања за Грција


Министрите за финасии од еврозоната го одложија донесувањето на одлука со која Грција ќе ја може да ја искористи следната рата од пакетот за спас од кризата.
По состанокот во Луксембург министрите за финасии рекоа дека Атина може да ги добие 12 милијарди евра како дел од пакетот за спас од кризата само доколку до средината на јули грчкиот парламент усвои неколку клучни закони за регулација на трошењето на буџетот и продавање на државниот имот во земјата. Вчера грчкиот премиер Јоргос Папандреу во грчкиот парламент во Атина побара од народот да го поддржи во непопуларните мерки за штедење, затоа што, како што вели, само така ќе може да се избегнат катастрофалните последици.
XS
SM
MD
LG