Достапни линкови

logo-print

НАТО по грешка уби цивили во Либија


Триполи,Либија

Триполи,Либија

НАТО соопшти дека при еден од нејзините воздушни напади врз либискиот глaвен град Триполи направено е грешка и можно е да загинале и цивили. Воената алијанса во соопштението е наведено дека причина за грешката е „оштетување на системот за оружје“. Либиските власти соопштија дека при нападот загинале 9 цивили од кои две деца. Командантот на НАТО жали за направената грешка и за загубените невини животи и изјави дека ќе се внимава повеќе при изведувањето на нападите. Инаку бунтовниците соопштија дека претрпеле големи загуби при артилерискиот напад во близина на градот Мисрата.
XS
SM
MD
LG