Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза – сончево


Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува северен ветер со што ќе услови намалување на дневната температура во северните делови на земјава за пет до шест степени, а во јужните за два до три степени. Дневната температура ќе се движи од 24 до 32 степена.
Во Скопје ќе биде сончево и ветровито со појава на мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 17, а максималната 27 степени.
Од вторник до крајот на неделата повторно ќе има пораст на температурата, а и вредноста на УВ индексот ќе биде 9.
XS
SM
MD
LG