Достапни линкови

Иран несака посета од Советот за човекови права на ОН


Парламентот на Иран му забрани на новоименуваниот преставник на Советот за човекови права на ОН, задолжен за Иран да дојде во земјата. Парламентот одлучил да не му дозволи на поранешниот министер за надворешни работи на Малдиви Ахмед Шахед да го посети Техеран.
Од Комитетот за човекови право во Иран, соопштуваат дека пред ОН да испратат преставник во Иран прво треба да се испита кршењето на човековите права во САД и Израел. Според Техеран, ОН и меѓународните организации за човекови права недоволно ги разбираат исламските закони. Според Иран критериумите за човекови права не може да бидат стандардизирани, туку да бидат оценети според културата и верувања на соодветните земји. ОН неколку пати изрази загриженост за прекршувања на човековите права во Иран.
XS
SM
MD
LG