Достапни линкови

Израел одобри изградба на 2000 домови во окупираната област


Општинскиот совет на Ерусалим денеска одобри проширување на уште 2.000 домови во населбата во областа Рамат Шломо. Од Министерството за внатрешни работи велат дека на тој начин ќе се обезбедат домови за многу семејства кои немаат свои домови. Рамат Шломо се наоѓа во близина на источен Ерусалим, кој Израел го зазеде во 1967-та година. Изградба на израелски населби во областа предизвика критика од меѓународната заедница , а приширувањето на Рамат Шломо доведе до криза во односите со САД минатата година. Денеска комесарката за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон разгововарала со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обид повторно да се отпочнат мировни преговори. Но по дискусиите нема соопштение ниту од едната страна.
XS
SM
MD
LG