Достапни линкови

logo-print

Египет наименува нов министер за надворешни работи


Од анти-владините протести во Каиро

Од анти-владините протести во Каиро

За нов министер за надворешни работи на Египет денеска беше назначен Мохамед ал Ораби. Тој доаѓа на местото на Набил ал Араби, кој ќе ја предводи Арапската лига. Ораби претходно беше амбасадор на Египет во Германија , и бил на служба и во Кувајт, Лондон и Вашингтон. Ораби се придружи на привремена влада чија задача е да управува со работите во земјата по соборувањето на Хосни Мубарак од власт до формирањето нова влада. Претходно премиерот на Египет најави дека е можно изборите закажани за септември да бидат одложени.
XS
SM
MD
LG