Достапни линкови

ЕК и ОБСЕ изразија сочуство за смртта на Елена Бонер


Елена Бонер

Елена Бонер

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска и одаде чест на починатата советска активистка за човекови права и десидент Елена Бонер. Сочуство изрази и литванскиот министер за надворешни работи чија земја е актуелен претседавач со Организацијата за европска безбедност и соработка. Елена Бонер му беше сопруга на познатиот научник и нобеловец Андреј Сахаров.Двајцата беа истакнати личности на целото десидентско движење за време на Советскиот Совет. Елена Бонер почина вчера во својот дом во Бостон. Секоја година европскиот парламен ја доделува наградата Сахаров на поединци или групи кои допринеле во борбата за демократија и човекови права.
XS
SM
MD
LG