Достапни линкови

Шефот на Меѓународниот црвен крст во посета на Сирија


I

I

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст попладнево треба да пристигне во Дамаск, соопштуваат од организацијата. Тој треба да побара од сириските лидери да се овозможи пристап до сите луѓе кои се погодени од насилството во земјата. За време на дводневната посета претседателот на Меѓународниот Црвен крст Џекоб Каленбергер треба да се сретне со премиерот Адел Сафар и со министерот за надворешни работи Валид Муалем. Каленбергер ќе се фокусира на хуманитарната ситуација во Сирија и на улогата на организацијата за помош на луѓето. Според сиријските набљудувачи од почетокот на насилствата во земјата, загинале повеќе од 1300 цивили, 341 член на безбедносните сили, а илјадници луѓе ги напуштиле своите домови.
XS
SM
MD
LG