Достапни линкови

Иванов приреди прием за Охридскиот договор


Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов

Со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Македонија ја збогати својата самостојност, независнот и сувереност со стремежот за стабилна и функционална мултиетничка демократија, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов на денешниот прием по повод 10 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Во изминатите 10 години одново ја откривме, спознаваме и надградивме нашата најголема вредност што е воедно и наша најголема сила, вековната традиција на соживот и толеранција со која се гордееме, традиција што е во сржта на македонскиот модел на интеграција без асимилација, со почитување на постоечките културни, етнички, јазични, религиски и други различности, нагласи Иванов. Охридскиот договор беше потпишан на 13 август 2001 година меѓу лидерите на тогашните најголеми политички партии и специјалните претставници на САД и на ЕУ
XS
SM
MD
LG