Достапни линкови

logo-print

Гејтс-САД подготвуваат терен за разговори со Талибанците


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска изјави дека Стејт департментот во соработка со други земји, започнале да работат на спроведување терен за прелиминарни разговори со Талибанците во Авганистан. Гејтс изјави дека во овој момент работата е во почетна фаза и дека од суштинско значење е да се утврди кој навистина ги претставува Талибанците, пред да се започне да се разговара со партиите кои тврдат дека го претставуваат талибанскиот лидер Мула Омар. Претходно авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека САД се во контакт со Талибанците за да се изнајде крај на војната во Авганистан.
XS
SM
MD
LG