Достапни линкови

logo-print

Мјанмар- Аунг Сан Су Чу прослави роденден на слобода


Аунг Сан Су Чу

Аунг Сан Су Чу

Лидерката на опозицијата во Мјанмар и добитничка на Нобелова награда за мир, Аунг Сан Су Чу за првпат по девет години, денеска го слави својот роденден на слобода. Таа и нејзините приврзаници го прославија роденденот со симболично ослободување на десетици птици и балони во воздух. Од спротивната страна на улицата 50 агенти на државната безбедност следеле и фотографирале се што се случува. Активистката за човекови права во изминатите 22 години, 15 родендени прослави во домашен притвор, а ова е првпат по 9 години роденденот да го одбележи слободно со пријателите, семејството и поддржувачите.
XS
SM
MD
LG