Достапни линкови

Јемен-14 луѓе загинале во борбите меѓу војската и Ал Каеда


Дванаесет припадници на Ал Каеда и двајца јеменски војници загинале во борбите во градот Занџибар, на југот на Јемен, соопштуваат јеменските воени власти. Јеменската војска ноќеска ги бомбардирала позициите на припадниците на Ал Каеда. Фракцијата на Ал Каеда на крајот на мај го зазеде градот Занџибар. Од тогаш во борбите меѓу нив и јеменските трупи загинале 150 луѓе, меѓу кои 80 војници. Покрај борбите со Ал Каеда, во Јемен ескалираа и протестите кои најпрвин започнаa мирно. Луѓето бараат претседателот Али Абдула Салех да си оди од власт.
XS
SM
MD
LG