Достапни линкови

logo-print

Тунис-соборениот претседател ги отфрла сите обвиненија


Бен Али и неговата сопруга Леила

Бен Али и неговата сопруга Леила

Поранешниот претседател на Тунис Зин Ел Абедин Бен Али ги отфрла сите обвинувања против него во пресрет на почетокот на судскиот процес кој ќе се води без негово присуство, соопштува неговиот адвокат. Соборениот претседател пребега во Саудиска Арабија по немирити во јануари. Утре во Тунис започнува процес против него, неговата сопруга и неговите соработници. Во првиот дел од процесот на него и на неговата сопруга ќе им се суди за присвојување огромни количества пари, накит, оружје и дрога, кои биле најдени во претседателската палата.
XS
SM
MD
LG