Достапни линкови

logo-print

Египет-можно одложување на изборите планирани за септември


Протести во Египет

Протести во Египет

Премиерот на Египет денеска изјави дека парламентарните избори во земјата би можело да бидат одложени. Изборите кои беа закажани за септември, се клучни за политичка стабилност во Египет по масовните протести кои доведоа до соборување на претседателот Хосни Мубарак во февруари. Следниот парламентарен состав треба да донесе нов Устав. Но некои партии коментираат дека треба да им се даде повеќе време да се развие политичката сцена во земјата и време да се подготват за избори.
XS
SM
MD
LG