Достапни линкови

Најавен голем протестен собир против полициската бруталност


Младите кои протестираат против полициската бруталнот и кои бараат надлежните институции да сносат целосна одговорност за убиството на Мартин Нешковски, денеска за точно напладне, најавија голем протестен собир. Најпрво треба да се одржи концерт , но не како забава, туку како апел за што поголемо внимание од јавноста. А за потоа е планиран мирен протест по скопските улици. Младите протестираат две недели.
XS
SM
MD
LG