Достапни линкови

Во Молдавија се одржува втор круг од локалните избори


Кишињев

Кишињев

Денеска во Молдавија се одржува вториот круг од гласањето на локалните избори. Денеска се гласа во половина од градовите , вклучувајќи го и главниот град Кишињев. На гласањето на овие избори се гледа како на тест за про-европската влада која дојде на власт во ноември. Во Кишињев, се води изедначена трка меѓу кандидатот на Комунистите Игор Додон и сегашниот градоначалник Дорин Чиротака. Во првиот круг, Додон освои околу 48 отсто во гласовите, а актуелниот градоначалник околу 46 проценти.
XS
SM
MD
LG