Достапни линкови

logo-print

Почина рускиот десидент Елена Бонер


Елена Бонер

Елена Бонер

Истакнатиот руски десидент од советската ера Елена Бонер, починала вчера, на возраст од 88 години, соопштуваат од нејзиното семејство. Бонер починала во нејзиниот дом во Бостон. Таа беше гласен критичар на Владимир Путин и долгогодишен борец за демократијата во Русија. Беше во брак со Андреј Сахаров, добитник на Нобеловата награда за мир. Нејзиниот сопруг кој беше познат нуклеарен физичар, исто така, беше еден од водечките десиденти од советската ера .
XS
SM
MD
LG