Достапни линкови

Белата куќа не потврдува дека се преговара со Талибанците


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Од Советот за национална безбедност на Белата куќа не потврдуваат дека американски преставници преговараат со Талибанците во Авганистан, како што претходно соопшти претседателот на таа земја Хамир Карзаи. Портпаролката на Советот Кејтлин Хајден сепак изјави дека САД ја подржуваат иницијативата за помирување. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вчера изјави дека САД се во контакт со Талибанците, за да се изнајде можно решение за ставање крај на речиси децениската војна во Авганистан. Официјален претставник на САД во Кабул изјави дека Вашингтон ќе им помогне на авганистанските власти во обидот да се помират со Талибанците. САД ја започнаа инвазијата на Авганистан во октомври 2001 година, неколку недели по нападите на 11 септември, да им помогне на Авганистанците во соборување на Талибанците.
XS
SM
MD
LG