Достапни линкови

logo-print

Силите на НАТО по грешка нападнале бунтовници во Либија


Триполи

Триполи

Од НАТО признаваат дека нивните сили по грешка погодиле колона на либиските бунтовници. Воените авиони на НАТО во четвртокот погодиле бунтовнички возила во Брега . Од Алијансата жалат за изгубените човечки животи. Брега се наоѓа на истокот од земјата и таму неодамна имаше борби меѓу бунтовниците и силите лојални на Моамер Гадафи.
Од НАТО негираат дека во нивните напади до 7 јуни се убиени 865 цивили, како што тврдат либиските власти.
Во меѓувреме во Каиро, претставници од Арапската лига, ОН, ЕУ и Африканската унија се состанаа на разговори за случувањата во Либија. Амр Муса преставникот од Арапската лига, изјави дека итно е потребно политичко решение, бидејќи и со нападите на НАТО, Гадафи не си оди од власт. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун , кој на состанокот учествуваше преку видео врска , рече дека неговиот специјален пратеник за Либија, Абдул-Илах Ал Катиб започнал преговарачки процес во Либија. И тој е за да се најде политичко решение. Во интервју за Ројтерс, бунтовниците го обвинија Западот дека не стои на своите ветувања за итна финансиска помош.
XS
SM
MD
LG