Достапни линкови

ФФМ одлучи- Мирсад Јонуз не е повеќе селектор


Мирсад Јонуз не е повеќе селектор на македонската фудбалска репрезентација, одлучи управниот одбор на ФФМ на денешната седница. Одборот одлучил да не го прифатат извештајот на селекторот за постигнатите резултати во квалификацискиот циклус за ЕП 2012. Се констатира дека се прекршени и не се почитувани одредбите од договорот склучен со ФФМ за извршување на функцијата и поради тоа селекторот и стручниот штаб на А-селекцијата се разрешуваат едногласно. Јонуз пред состанокот рекол дека не поднесува оставка, а доколу биде разрешен правата ќе ги бара по правен пат согласно договорот.
XS
SM
MD
LG