Достапни линкови

Во Загреб се одржува десеттата по ред геј-парада


Во Загреб денеска се одржува 10-та по ред геј парада на којa учествуваат повеќе од 1.500 луѓе. Настанот се одвива под силно полициско обезбедување. Учесниците на пaрадата носат балони во боите на виножитото и транспаренти на кои пишува „ Да се прегрнеме пред сите, да видат дека постoиме“, и „ Да го уништиме фашизмот и да го подржиме гејактивизмот“. Денеска во Загреб не е најавен ниту еден контрапротест и не се очекуваат нереди, сепак полицијата растерала десетина луѓе кои преставувале потенцијална опасност. Минатата недела геј парадата во Сплит беше одбележана со насилства, уапсени и повредени.
XS
SM
MD
LG