Достапни линкови

Полиција бркала грешно поканети гости преку Фејсбук


Полицијата во Германија морала да интервенира на уште една забава објавена на социјалната мрежа Фејсбук, затоа што на забавата пристигнале повеќе од 800 луѓе. Полицијата уапсила над 40 млади луѓе кои го нарушиле јавниот ред и мир. Ова е втор ваков инцидент месецов во Германија, да се повика полиција откако на забава објавена на Фејсбук се појавуваат неочекувано многу луѓе. Полицијата во првиот случај мораше да интервенира откако на роденденската забава на едно девојче се појавиле 1600 гости, откако таа по грешка им испратила покана на илјадници странци да дојдат на забавата.
XS
SM
MD
LG