Достапни линкови

Филе-Можно е проширување,сега треба владите да се покажат


Eврокомесарот за проширување Штефан Филе

Eврокомесарот за проширување Штефан Филе

Оваа година би можело за сите земји од Западен Балкан да биде мошне важна. Постои можност врз основа на големиот напредок кон крајот на годината да се препорача почеток на преговорите за влез во Европската унија не само за една или две, туку можеби и за три земји, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе, за весникот Пресе. Тој потврдно одговорил дека тоа се однесува на Македонија, Србија и Црна Гора. Меѓутоа се уште нема никакви гаранции за тоа, а ние оваа година извештајот за напредокот на тие земји порано ќе го завршиме. Тоа време владите на земјите-членки можат да го искористат заедно со своите парламенти да ја подготват одлуката, порача Филе.
XS
SM
MD
LG