Достапни линкови

Нападната полициска станица во Кабул


Вооружени милитанти ја нападнале полициската станица во близина на претседателската палата во авганистанскиот главен град Кабул, соопштуваат официјалните власти. Од Министерството за внатрешни работи велат дека еден бомбаш самоубиец успеал да го активира експлозивот внатре во зградата, додека другиот бил убиен од полицаец пред да се разнесе. Нападот прераснал во голема престрелка.
XS
SM
MD
LG