Достапни линкови

Во македонскиот зеленчук нема опасна бактерија


Во македонскиот зеленчук нема присуство на бактеријата Ешерихија коли, тој е безбеден е и сосема исправен за консумирање, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски. Агенцијата изминатите 10 дена спровела вонредни контроли на преку 40 примероци зеленчук земени по случаен избор од малопродажбата и директно од оранжериските прозводители. Резултатите покажуваат дека доматите и краставиците се стопроцентно сигурни за јадење.
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски изјави дека по појавата на бактеријата е напален пласманот на раноградинарските производи.
Извозот на домати за периодот јануари - јуни година е намален за 18 насто во однос на истиот период лани, на краставиците за 23 проценти, а на зелката околу 69 проценти.
XS
SM
MD
LG