Достапни линкови

Запрено чистењето на радиоактивната вода од Фукошима


Нуклеарната централа Фукошима во Јапонија

Нуклеарната централа Фукошима во Јапонија

Операцијата за чистење на радиоктивната вода од нуклеарната централа Фукошима во Јапонија, е стопирана, само неколку часа откако започна, соопшти операторот на централата. Портпаролот на Електростопанството во Токио рече дека нивото на радијација се искачило побрзо отколку што очекувале. Акцијата за чистење на водата започна вчера. Од Електростопанството незнаат кога ќе може да продолжат со чистењето. Нивото на радиоактивната вода расте и експертите предупредуваат дека ако не се исчисти може да се прелее во морето. Нуклеарната централа беше сериозно оштетена за време на земјотресот што ја потресе Јапонија на 11 март.
XS
SM
MD
LG