Достапни линкови

Јункер-кризата со еврото може да се пренесе на Белгија и Италија


Претседателот на Еврогрупата Жан Клод Јункер денеска предупреди дека финансиската криза поврзана со еврото може да се пренесе и на Белгија и на Италија. Банкротот може да се пренеси на Португалија и Ирска, а поради високите задолжувања и на Италија и тоа можеби дури и пред Шпанија, изјави Јункер. Тој предупреди дека целата работа е играње со оган. Затоа што Агенциите за проценка може да ја сврстат Грција во групата на „инсолвентни земји“, а тоа ќе има катастрофални последици врз еврото. Тоа понатаму прво би се одразило на Ирска и Португалија, а потоа на Белгија и Италија, изјави Јункер.
XS
SM
MD
LG