Достапни линкови

Гадафи со нови закани против НАТО и бунтовниците


Либијскиот лидер Моамер Гадафи изјавил дека НАТО ќе биде поразен и оти во Либија нема да биде ништо сменето спротивно на волјата на либијскиот народ. Во телевизиското обраќање по телефон, Гадафи најавил дека неговиот режим ќе продолжи со отпорот против НАТО и со битката против бунтовниците во земјата. Обраќањето на Гадафи, на главниот плоштад во Триполи го следеле илјадници негови приврзаници. Во меѓувреме продолжуваат НАТО бомбрадирањата врз цели во Либија, а како ѓто јавуваат агенциите и денеска изутрина во околината на Триполи се слушале експлозии. Според бунтовниците, силите лојални на Гадафи истрелале неколку ракети врз градот Мисрата, при што најмалку 10 луѓе загинале, а околу 40 биле повредеи.
XS
SM
MD
LG