Достапни линкови

Партиските финансии, строга тајна


Корупцијата особено доаѓа до израз за време на кампањите
Корупцијата особено доаѓа до израз за време на кампањите

Партиските финансии – нелегално стекнати пари и извор на корупција, сметаат експертите. Неопходни се повисоки казни и поголема надлежност на институциите.

Митинзи, штабови, реклами, промотивен материјал и посети на градови и села... сето тоа е дел од предизборната кампања, а партиите не штедат во борбата за гласови. Но, колку навистина потрошиле во трката за место во собраниската фотелја и од каде им се парите се уште е тајна. За прв пат, партиите на овие избори имаат обврска да поднесат финансиски извештаи за приливите на нивните сметки отворени за таа намена. Сепак Обединети за Македонија, СДПМ, НДУ и ПДП досега воопшто не доставиле извештај до Државната комисија за спречување на корупција, а ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и ПОДЕМ потрошиле повеќе пари отколку што имале обезбедено на нивните сметки. ДУИ од донации обезбедила околу 70 илјади евра, а потрошила плус 50 илјади евра. ДПА собрала 10 илјади евра, а потрошила речиси 45 илјади евра. ПОДЕМ, пак, на сметката имал 1.250 евра, а потрошил 2.000 илјади евра, додека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од донации обезбедила над 500 илјади евра, а кампањата ја чинела дополнителни 400 илјади евра.

Партиските финансии, главен извор на корупција

Еден од членовите на Антикорупциска, Илми Селами вели дека таквата ситуација е потврда дека една од најподложните
Политичките партии и во текот на оваа изборна кампања всушност докажаа дека ние сме биле во право и не само тоа туку политичките партии не радо ги откриваат нивните извори особено во време на предизборна кампања.
области на корупцијата е финансирањето на политичките партии.

„Политичките партии и во текот на оваа изборна кампања всушност докажаа дека ние сме биле во право и не само тоа туку политичките партии не радо ги откриваат нивните извори особено во време на предизборна кампања.“

Поранешниот антикорупционер Сашо Ордановски вели дека корупцијата кај политичките партии, особено доаѓа до израз за време на кампањите.

„Успешно“ ги чуваат во тајност партиските финансиери

„Еден од главните извори за корупција и криминал во Македонија се политичките партии, таму се главните валкани работи што се одвиваат во животот на партиите, често се прават операции коишто се на граница на сомнителност на законитоста итн, а тоа особено се се засилува кога доаѓаат изборите.“

Претседателот на Транспаренси Интернешнел за Македонија, Слаѓана Тасева вели дека досегашната пракса и мониторинг покажала дека партиите официјално покажуваат дека потрошиле за кампањите онолку, колку што им е дозволено со законот, но неофицијално сликата е поинаква.
Еден од главните извори за корупција и криминал во Македонија се политичките партии, таму се главните валкани работи што се одвиваат во животот на партиите, често се прават операции коишто се на граница на сомнителност на законитоста итн, а тоа особено се се засилува кога доаѓаат
изборите.

„Неофицијално кога ги следиме, кога правиме мониторинг на сите објави во медиумите, билборди итн, излегува дека трошат, три, четири, пет пати повеќе отколку што тоа е дозволено. Значи проблем е недоволната контрола за трошењето во време на изборните кампањи. Никогаш партиите не се однесуваат согласно законот.“

Се троши повеќе од дозволеното

Според изборниот законик една политичка партиија за време на предизборната кампања може да добие пари од чланарина, донации или пак од сопствени приходи. Физичките лица може да донираат до 5000 илјади евра, а правните 5 насто од нивната зарботка во текот на изминатата година. Поранешниот антикорупционер и адвокат, Драган Малиновски вели дека повеќе од очигледно е дека таквата законска рамка не кореспондира со она што се случува на терен.


„Односно секогаш физичките лица, се прават на некој начин фиктивни списоци за да се прикажат по пет илјади евра, две илјади евра итн, што многу често се покажа дека не се вистинити односно дека тоа се прави чисто за да се задоволи формата на законот.“

Селами вели дека ако една политичка партија дојде на власт преку нелегални извори на пари, тогаш тоа ќе се одрази врз нејзината понатамошна работа.

„Не секогаш тие што финансираат политички кампањи, правните лица, фирмите итн, не даваат пари само заради тоа што ве сакаат, туку даваат пари за да му служите понатаму. И сето тоа продуцира, генерира корупција во вкупното работење на министрите, министерствата, државните институции итн, а најмногу по пат на тендери, по пат на концесии итн.“

Малиновски вели дека има физички лица кои сакаат да им донираат на партиите повеќе од дозволената сума и тогаш се прават малверзации како тие пари да бидат скриени.

„Мислам дека граѓаните, а пред се и правниот поредок добро е да знае кој во вистински износи ги финансирал политичките партии, се со цел утре кога политичките партии би дошле на власт да се види како се однесуваат кон своите финансиери.“

Прекршочни за четири партии кои не поднеле финансиски извештај и притвор за Бошковски

Антикорупциска поднесе прекршочни пријави за Обединети за Македонија, СДПМ, НДУ и ПДП, бидејќи не поднеле финансиски извештаи за сметките отворени за изборната кампања. Казните според изборниот законик се до 5000 илјади евра. Досега ниту една партија или организатор на кампања не биле казнети со парична или затворска казна. Единствено лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски беше уапсен и ево притвор поради сомнение за незаконско финансирање на кампањата. Ордановски вели дека се потребни построги мерки на казнување.

„Важечките прописи во Македонија се добро уредени меѓутоа законските санкции се според наше мислење, премали. Ние бараме да се заостри
Мислам дека граѓаните, а пред се и правниот поредок добро е да знае кој во вистински износи ги финансирал политичките партии, се со цел утре кога политичките партии би дошле на власт да се види како се однесуваат кон своите
финансиери.

политиката кон овој тип на прекршоци да се бараат и правни и физички лица коишто ќе одговараат за тоа.“

Бидејќи казните се премали, додава Ордановски.

„Според сегашните прописи на одредени партии дури и им одговара да платат одредени санкции затоа што прават таков тип на злоупотреби коишто многу кратно ги надминуваат санкционираните вредности според законот. Според тоа, апсолутно сме за тоа да се направи едно силно заострување на прописите, да се предвидат и затворски казни за злоупотреби, бидејќи тоа е единствениот начин за партиите колку толку да се доведат во ред.“

Ниски казни

Според сегашните прописи на одредени партии дури им одговара да платат одредени санкции затоа што прават таков тип на злоупотреби кои многу кратно ги надминуваат санкционираните вредности според законот. Според тоа апсолутно сме за тоа да се направи едно силно заострување на прописите, да следуваат и затворски казни за злоупотреби, меѓутоа тоа е единствениот начин да партиите колку толку се доведат во ред.“

Тасева се сложува дека не е доволно партиите само да ја платат предвидената казна.

„Затоа што не е доволно само оваа санкција која што е воведена во законот, затоа што тоа се минимални средства според оние кои што ги трошат партиите за кампањи. Тие можат да си дозволат да платат таква казна, но не би можеле да си дозволат да не учествуваат во следни избори или пак да изгубат право на финансирање во текот на една или две години како што постојат во други држави.“

Според Селами доколку тие констатираат дека некоја партија нерегуларно и нелегално се финансирала санкциите кои би ги претрпеле се минимални.

„Значи ние треба да работиме во правец на санкцинирањето и во правец на забрана за учество на следните избори. Постојано тоа го кажувам, ако на една партија и изречете санкција да неможе да учествува на следните избори, тоа е всушност како на некој фудбалер да му скршите ногa. Дали има нешто полошо од тоа што му се случило, апсолутно не... затоа треба да се зголемат санкциите за сериозно да ја сватат суштината на материјално финансиското работење.“

И Малиновски смета дека казните не претставуваат сериозна брана за да не се прават прекршувања на законот.
Затоа што не е доволно само оваа санкција која што е воведена во законот, затоа што тоа се минимални средства според оние кои што ги трошат партиите за кампањи. Тие можат да си дозволат да платат таква казна, но не би можеле да си дозволат да не учествуваат во следни избори или пак да изгубат право на финансирање во текот на една или две години како што постојат во други држави

„Јас би рекол дека дури се и стимулативни бидејќи секој, бидејќи се работи за навистина сериозни цифри, ќе се сложи со таквата санкција и ќе се сложи да ја плати паричната казна за прекшок се со цел да добие некоја подобра стартна позиција во изборната кампања.“

Меѓутоа тие прекршувања се регулирани и со Кривичниот законик со кој може да се добие и казна затвор од неколку години. Пример за тоа е апсењето на лидерот на Обединети за Макеоднија, Љубе Бошкоски, кој е осомничен за две кривични дела: незаконско финансирање на политичка кампања и злоупотреба на службената положба. Според Малиновски прашањето се сведува на тоа дали има вистинска политичка волја за да се средат нерегуларностите.

„Конкретно во кривичниот законик регулирана ни е оваа материја и предвидено ни е дека сите овие пречекорувања или неподнесување на извештаи, или давање на погрешни извори на финансирање на изборната кампања или не пријавување на изворите на финансирање на политичката кампања, сето тоа претставува елемент на кривично дело каде што се заканува една навистина сериозна казна од најмалку пет години затвор. Што значи сега повторно сме соочени со прашањето колку сме подготвени да го спроведуваме законот, а не дали имаме закон или не.“

Сите се надлежни и никој не е надлежен?

Проблемот е во тоа што партиите треба да ги откријат своите извори на финансирање, но никој не се решава на тој чекор, како и тоа што ниту една надлежна институција нема единствена обврска да ги следи, вели Тасева.

„Повеќе институции се надлежни и никој не е надлежен. На пример надлежна е и УЈП и Антикорупциската комисија, ДИК, Државниот завод за ревизија, но на крајот никој нема конкретна надлежност да изрече санкција или да поведе било каква постапка доколку не се почитуваат некои од правилата.“

Схуби Јакупи од Државната Изборна Комисија велат дека во нивна надлежност е само објавувањето на извештаите за финансирањето на партиите за време на предизборната кампања.
Повеќе институции се надлежни и никој не е надлежен. На пример надлежна е и УЈП и Антикорупциската комисија, ДИК, Државниот завод за ревизија, но на крајот никој нема конкретна надлежност да изрече санкција или да поведе било каква постапка доколку не се почитуваат некои од правилата

„Ние немаме надлежност во понатамошната постапка за тоа како се финансирале партиите. Ние имаме надлежност за тие извештаи да се достават до кај нас и до другите институции кои се понатаму надлежни, а тоа се Државниот завод за ревизија и Антикорупциската комисија, а ние имаме надлежност само да ги доставиме и да ги внесеме на веб страната на Антикорупциската комисија.“

Селами вели дека финансирањето на париите не е работа само на антикорупциска и иако некои институции не се обврзани со изборниот закон, логички тие треба да се вклучат во процесот.

„Како што е Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Управата за јавни приходи. Зошто го велам ова, затоа што ако некој се појавува како донатор и знаеме дека некој што се вели нема за од први до први да врзе крај со крај што се вели, а во извештаите на политичките партии се јавуваат како донатори.“

Прво што треба да направи УЈП е да го провери потеклото на парите додава Селами.


„И доколку донираат дали се тоа од легални дејности, од легални стекнати средства од легални приходи, дали е платен данок итн. Значи ние немаме против за некој да финансира политичка партија или групација, но инсистираме сето тоа да биде согласно законот.“

И Тасева вели дека треба да реагираат сите надлежни институции, од Министерството за правда до Собранието, односно да се открие од каде им се парите на партиите за кои немат покритие.

„УЈП да види кој дава исто за партиите, имаме многу не евидентирани трошоци, значи се она што се троши за патувања, за кампањи скапи, за медиумски презентации... Да се види дали се тоа парите од буџетот кои што веќе се уплатени за владините кампањи, дали се тоа непријавени пари од фирмите или нешто друго се случува? Значи ние сега имаме сериозен проблем, има многу пари кои се трошат, а незнаеме од каде се.“

Од УЈП велат дека извештаите за своето финансиско работење политичките партии имаат обврска да ги доставуваат до Државниот завод за ревизија, кој е и надлежен за контрола на партиите. Управата го следи и контролира работењето на политичките партии, но од аспект на плаќање на даноците. Доколку УЈП во рамките на своите надлежности увиди состојби и аномалии во работење кои се во доменот на работењето на други институции, таквите информации се проследуваат до
Јас мислам дека надлежната институција е Заводот за ревизија која понатаму ќе ги следи и има право да поднесе прекршочна пријава, има право да поднесе и до Јавниот обвинител ако евентуално има простор за покренување на кривично дело, и јас мислам дека тие се надлежни за постапување понатаму во врска со финансирањето на политичките партии
надлежните државни органи. Но, УЈП, постапува и по барања на други органи, како што е барањето на истражниот судија за достава на податоци за Обединети на Македонија поради случајот со нејзиниот лидер. Според Малиновски Антикорупциска и Државниот завод за ревизија се тие кои треба да ја проверат фактичката состојба за подоцна да реагира државниот обвинител.

„Дали еве во последниов изборен циклус ќе ни бидат институциите на нивото на својата задача и секаде каде што има пречекорување, да видиме дали Јавниот обвинител ќе заведе кривична постапка.“

И според Јакупи институцијата која треба да преземе мерки е Државниот завод за ревизија.

„Јас мислам дека надлежната институција е Заводот за ревизија која понатаму ќе ги следи и има право да поднесе прекршочна пријава, има право да поднесе и до Јавниот обвинител ако евентуално има простор за покренување на кривично дело, и јас мислам дека тие се надлежни за постапување понатаму во врска со финансирањето на политичките партии.“

Селами вели дека и покрај работата на антикорупциска и другите наделжни институции повторно ќе има констатацијата дека и на овие избори нема целосно да се знае финансирањето на партиите, но сепак ќе произлезе препорака дека треба да се измени изборниот законик.

„Понатамошната измена на Изборниот законик во смисла на тоа затворање на сите вентили без вклучување на сите институции и без сериозно сваќање на обврската, на задачата за финансирањето на политичките партии апсолутно ќе немаме резултати во оваа битка. Јас се надевам дека сите институции ќе ја сватат тежината со оглед на тоа дека сме на самиот почеток и можеби им треба малку повеќе време и на самите партии, но и на самите институции.“

Конечниот извештај партиите до наделжните институции треба да го достават 15 дена по завршувањето на кампањата, односно утре. Дека е потребна поголема борба со корупцијата во земјава беше нотирано и во извештаите на Европската Комисија за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес. Групата на земји против корупцијата наречена ГРЕКО при Советот на Европа во 2010 година даде неколку препораки за транспарентноста на финансирањето на политичките партии. Препораките се одонесуваа на проширување на периодот на финансиското управување, на измени и дополнувања на Изборниот законик, на зголемување на транспарентноста на сметките и активностите на телата поврзани, директно или индиректно, со политичките партии, како и да се овозможи водечкото тело да биде помогнато, од страна на други власти со мандат и со соодветни овластувања и ресурси и да се обезбеди механизмот за примена на казнените мерки за повреди на правилата за политичко финансирање да функционира на ефективен начин во пракса.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG