Достапни линкови

Нов систем за логистичка и информатичка поддршка


Средба на министерот за одбрана Коњаноски со амбасадорот Рикер

Средба на министерот за одбрана Коњаноски со амбасадорот Рикер

Новиот систем за логистичка и информатичка поддршка треба да овозможи годишна заштеда од околу пет милиони евра и поголема транспарентност и на активностите на Министерството за одбрана и на Армијата на Македонија. Ова е нагласено за време на денешната посета на министерот за одбрана Зоран Коњановски и амбасадорот на Соединетите држави Филип Рикер на Регионалниот тренинг центар за комуникации, во касарната „Гоце Делчев“. Системот е во согласност со НАТО стандардите и е финансиски поддржан од САД во висина од околу 5,8 милиони долари. Амбасадорот Рикер истакна дека со овој проект се потврдуваат пријателските односи и цврстото партнерство меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG