Достапни линкови

logo-print

Средба на министрите за надворешни работи на ЕУ и Западен Балкан


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон в понеделник во Луксембург ќе претседава со состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и од Западен Балкан. Состанокот ќе се одржи во „гимних,, формат, односно без државни одбележја, со што е обезбедено присуството и на Белград и на Приштина, објави портпаролот на Ештон, Маја Кочијанчиќ. Средбата ќе биде организирана на маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија, а централно прашање ќе биде процесот на европските интеграции во регионот.
XS
SM
MD
LG