Достапни линкови

Лукашенко ги обвини новинарите за економската криза


Александар Лукашенко

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска ги обвини новинарите дека имаат голема улога во потикнувањето на економската криза во земјата.
Големата економска криза во Белорусија доведе до девалвација на националната валута за 36 отсто, што ја зголеми и инфлацијата.
Лукашенко рече дека новинарите креирале паника и дека ако треба ќе ги затвори границите и ќе го лимитира увозот ако кризата стане поголема.
XS
SM
MD
LG