Достапни линкови

Медведев: Русија мора да го намали потпирањето врз цените на нафтата


Рускиот претседател Дмитри Медведев на економскиот форум во Санкт Петерсбург денеска изјави дека Русија мора да го намали потпирањето врз високите цени на нафтата. Тој додаде дека земјата мора да го модернизира своето стопанство врз кое владата нема да има големо влијание. На форумот денеска зборуваше и кинескиот претседател Ху Џинтао. Во меѓувреме од Газпром е соопштено дека Русија и Кина нема да потпишат договор за снабдување со гас како што беше предвидено, на маргините на форумот во Санкт Петерсбург.
XS
SM
MD
LG