Достапни линкови

Криза, а не се користат ефтини кредити


The logo on the World Bank Building in Washington, DC

The logo on the World Bank Building in Washington, DC

Иако, според економските податоци, Србија е на дното на европската листа, Белград заостанува и при повлекувањето евтини кредити од Светската Банка. Од Банката се чудат, а за Белград станува збор за сложени процедури за повлекување на парите.

Доцнењето на Србија при повлекувањето на кредитите од Светската Банка не е ништо ново, велат од преставништвото на Банката во Белград каде што се зачудени. Весна Костиќ, портапрол на Светската Банка во Белград, вели дека процедурите во Банката во последно време за забрзани, но дека тоа не помага.

„Зборуваме за средства во износ од 900 милиони долари кои Светска
Зборуваме за средства од 900 милиони долари кои Светската Банка и ги намени на Србиј за 4 годишен период.
Банка и ги намени на Србија за 4-годишен период. За жал до застојот дојде кога се формираше оваа влада и овој парламент. Им требаше 18 месеци за да ги ратификуваат договорите меѓу Светската Банка и Србија“.

Костиќ додава дека бавноста е и поради сложените процедури во Србија, а на тоа се свесни и во владата на Србија. Еве што за РСЕ во Белград изјави Миливоје Михајловиќ – шеф на Канцеларијата за односи со јавност на српската влада.

„Постојат сериозни проблеми со години при повлекувањето на тие средства. Основно е дека има комплицирани процедури кои долго траат кога станува збор за инфрастуктурни проекти, екпропријација на земјиште, тендери, па рокови за жалби. Но владата ќе мора следниве месеци сериозно да се занимава со тие проблеми.“

За Милан Чулибрк – главен уредник на Економист – Медиа од Белград, нема поголемо економско злосторство од тоа кога во моменти на криза не се користат најпоболните и најефтините можни средства за развој.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG