Достапни линкови

Почнува запишувањето во средните училишта - слободни над 35.000 места


Во јавните средни училишта во Македонија денеска почнува првиот, јунски уписен рок. Полуматурантите денеска и утре ќе се запишуваат во прва година средно образование во учебната 2011/2012 година. Согласно објавениот Конкурс, има 35.394 слободни места. Од нив, 11.730 места во гимназиите, 22.814 во стручните училишта, 578 во уметничкото образование и 272 во спортската гимназија „Методија Митевски-Брицо“ во Скопје. Конкурсот нуди над 10.000 места повеќе од вкупниот број завршени осмоодделенци (25.152 според податоците на МОН), со што тие имаат поголема можност за избор и професионална ориентација.
На пријавувањето за упис учениците треба да поднесат пријава за запишување, која се подигнува од училиштето, оригинални свидетелства од петто до осмо одделение и извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 21 јуни.
XS
SM
MD
LG