Достапни линкови

Затворените ирански лекари добитници на Глобалната награда за здравство


World -- Global vigils held for Arash and Kamiar Alaei, AIDS doctors imprisoned in Iran.

World -- Global vigils held for Arash and Kamiar Alaei, AIDS doctors imprisoned in Iran.

Двајцата браќа лекари од Иран кои беа затворени пред три години за наводен заговор против власта се добитници на светската здравствена награда за нивните напори за лекување на пациенти со ХИВ.
Браќата Камиар и Араш Алаеи беа уапсени во јуни 2008 година и обвинети за комуникација со САД со цел да ја соборат владата на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Камиар беше ослободен пред неколку месеци и за да ја прими наградата во Вашингтон.
Но, Aраш останува во затвор во Техеран, каде што се наоѓа на издржување шестгодишна казна. Браќата, кои почнаа да лекуваат ХИВ позитивни пациенти во доцните 90-ти години, ја добија наградата Џонатан Ман за Глобално здравство и човекови права.
XS
SM
MD
LG