Достапни линкови

Клинтон изрази загриженост за сексуално насилство во Либија


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги обвини приврзаниците на либијскиот лидер Муамар Гадафи за силување жени, и додаде дека и други влади на Блискиот исток користеле сексуално насилство. Во писмената изјава се наведува дека Соединетите американски држави се „длабоко загрижени“ од извештаите за зачестените силувања во Либија. Во дописот се дополнува дека САД исто така се вознемирени од извештаите дека „владите низ Блискиот исток и северна Африка користеле сексуално насилство за заплашување и казнување на демонстрантите кои бараат демократски реформи“.
XS
SM
MD
LG