Достапни линкови

logo-print

Србија очекува во 2012-та да започне прговори со ЕУ


Српскиот заменик-премиер задолжен за евроинтеграции Божидар Ѓелиќ, денеска пред Европскиот парламент изјави дека целта на Србија е да добие статус на кандидат за членство во Европската унија во декември, а преговорите да ги почне во пролетта 2012 година.
Ѓелиќ изрази надеж дека Европската унија нема да биде неправедна и да постави нови обесхрабрувачки пречки пред Белград.
Ѓелиќ ги повика оние кои толку пати говореле дека ќе бидат цврсти, но праведни кон Србија, сега да продолжат да биде стрoги, но не и неправедни.
XS
SM
MD
LG