Достапни линкови

Разговорите за новата влада се одвиваат добро


Како ли ќе изгледа новиот владин состав?

Како ли ќе изгледа новиот владин состав?

Од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ соопштуваат дека разговорите за формирање нова Влада, се одвиваат во конструктивна атмосфера. Разговорите се движат во насока на обезбедување партнерски однос базиран, меѓу другото, и на досегашната изградена доверба и врз база на досега изградените принципиелни односи. Во разговорите се разгледуваат приоритетите и начините на нивна реализација на функционирањето на идна владина коалиција, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Од ДУИ пак велат дека преговарачките групи работат во правец на зајакнување на партнерството и меѓусебната доверба, како основни столбови за добро функционирање на идниот владин кабинет. Сите информации кои кружат во медиумите овие денови се неосновани шпекулации и ДУИ, како сериозна политичка партија, ќе ја информира јавноста и електоратот транспарентно и навремено, во врска со секое прашање поврзан со овој процес.
XS
SM
MD
LG