Достапни линкови

Театар на прилепските улици


Штом не може во театар, може на улица - важно е да има престава. Студентите по глума, на прилепските улици, среде ноќ, одиграа политичко кабаре во кое се исмејува божемна демократија во една божемна држава. Сите сличности се случајни.

Студенти ентузијасти одиграа две претстави на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Сепак, втората претстава, ја одиграа на улица, пред Домот за Култура во Прилеп во раните утрински часови. Публиката ја гледаше претствата на улица затоа што организаторите не им дозволиле да ја одиграат во бифето, бидејќи не била во програмата за театарскиот фестивал.

Студентите од класата на професор, Владо
Навистина не зазема страна, неутрална е, нашите костими се црно бели, текстот кој што говориме не се споменуваат никакви имиња, значи нема никаква врска со денешната власт или пак опозицијата, има само одредени сличности и поставува одредни прашања.

Цветановски, по настапот на фестивалот со дипломската претстава „Дон Жуан се враќа од војна“ сакале да ја одиграат и другата претстава направена по текст на Бертолд Брехт, која всушност претставува политичко кабаре. Преку иронични и сатирични песни, преку гнев и болка, политичката пародија „Оркестар ББ“, го критикува социјалниот механизам во земјата таканаречена Јуху, каде „демократија“ е само алатка за контролирање на масите.

Актерката Кристина Ласовска вели дека, откако не им дозволиле да ја одиграат, по барање на публиката излегле на улица.

„Претставата е направена за да постави одредени прашања, теми кои што нас како млади во земјата не засегаат. Многу е забавна и мислам дека половина од публиката што не гледаше на улица ја имаат гледано и по театриве и кај нас на факултет, веќе ги знаат и сонговите од претставата и буквално сите скандираат со нас, пеат со нас и беше преубаво.“

Петар Темелковски, уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Таа вели дека претставата е безвремена политичка пародија.

„Повеќе е насочено кон пародија заради тоа што сигурно не е идеално, мислам далеку е од идеално. Навистина не зазема страна, неутрална е, нашите костими се црно бели, текстот кој што говориме не се споменуваат никакви имиња, значи нема никаква врска со денешната власт или пак опозицијата, има само одредени сличности и поставува одредни прашања.“
Јас ниту знам што е тоа, тоа е апсолутна измислица. Јас ниту ја знам таквата претставата, ниту била во програма. Не, не, какви антидржавни елементи. Не може да се игра ниту една претстава вон програмата, сите простории се зафатени со содржини на други театри и групи.

Уметничкиот директор на фестивалот, Петар Темелковски, вели дека не може да се игра ниту една претстава вон програмата што не е селектирана, затоа што сите простории се зафатени со други содржини за време на фестивалот. Тој негира дека барањето на студентите е одбиено поради политичката содржина и случајните сличностите со општествената состојба.

„Не, не, нема врска. Јас ниту знам што е тоа, тоа е апсолутна измислица. Јас ниту ја знам таквата претставата, ниту била во програма... Не, не, какви антидржавни елементи. Не може да се игра ниту една претстава вон програмата, сите простории се зафатени со содржини на други театри и групи.“

Студентите ќе ја одиграат преставата „Оркестар ББ“ на алтернативниот интернационален фестивал „Импакт“ во Велес на 18 јуни.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG