Достапни линкови

logo-print

Русија-Гадафи не е подготвен да си оди од власт


Рускиот дипломат Михаил Маргелов

Рускиот дипломат Михаил Маргелов

Моамер Гадафи не е подготвен да се откаже од власта, изјавил рускиот дипломат Михаил Маргелов по средбата со либиските власти. Маргелов е специјален пратеник за Африка на претседател Дмитриј Медведев. Тој денеска разговарал со министерот за надворешни работи на Либија Абделати ал Обеиди. Маргелов минатата недела во Бенгази имаше средби и со либиските бунтoвници, по што изјави дека Русија е спремна да понуди прелиминарен "патоказот" за решавање на конфликтот во Либија. Во меѓувреме силите на НАТО извршија серија воздушни напади во Триполи во близина на резиденцијата на Гадафи. Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека Алијансата спречува да има масакар во Либија.
XS
SM
MD
LG