Достапни линкови

logo-print

Анкара ќе им помогне на сириските бегалци пред границата


Давутоглу при посетата на камповите

Давутоглу при посетата на камповите

Анкара одлучи да им достави хуманитарна помош на илјадниците Сиријци, кои се насобрани на турската граница, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Од другата страна на границата се наоѓаат 10 илјади луѓе . Одлучивме да им излеземе во пресрет на нашите сириски браќа, за да ги задоволиме нивните итни потреби за храна, рече Давутоглу. Тој вчера ги посети камповите на сириските бегалци, поставени од турската Црвена полумесечина во округот Хатај.
XS
SM
MD
LG