Достапни линкови

Пакистан-шефот на армијата може да остане без работа


Генералот Ашфаг Кајани

Генералот Ашфаг Кајани

Генералот на Пакистанската армија Ашфаг Кајани може да ја изгуби работата по зголемувањето на притисокот врз него, откако објави дека сака да ги редуцира односите со Соединетите држави. Њујорк Тајмс и Вашингтон пост пишуваат дека има генерали и офицери кои му се лути на Кајани затоа што ги затвара односите со Вашингтон. Односите се заладија откако тајните американски служби го убија Осама Бин Ладен на пакистанска територија, без притоа да им кажат на пакистанските власти за операцијата која ја подготвувале. Односите меѓу САД и Пакистан се на најниско ниво по 2001-та кога започна операцијата против терористите. Пакистан бара американските сили да престанат со воздушните напади во проблематичниот регион на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG